|

Вечерва или утре еврејската секта ќе го напушти Куманово

Членовите на израелската религиозна група, кои од четвртокот престојуваат во населбата Зелен Рид во Куманово се подготвуваат да си заминат, дознава Kumanovo.news. Како што пренесува порталот припадниците на израелската религиозна група градот ќе го напуштат во текот на вечерта или најдоцна утре.

Претходно, СВР Куманово информираше дека станува збор за странски државјани, припадници на еврејската верска заедница кои имаат легален престој во Република Македонија и дека ќе престојуваат привремено на територија на земјата.

Првиот човек на Куманово, по реакцијата на граѓаните дека се уплашени и не можат мирно да спијат, Максим Димитриевски за ТВ 24 вели дека еврејската секта која ненадејно се досели во овој град е добредојдена, се додека се однесува според правилата и прописите.

Станува збор за група од околу 30 члена, а десетина се сместени во оваа куќа, другите се распределени на други локации. Според разговорите кои ги имавме со соседите од оваа улица, велат дека тие ретко го напуштаат домот каде што престојуваат, односно само кога имаат потреба, но дека секојдневно пред оваа куќа каде што престојуваат се собираат граѓани, соседи, кумановци, кои што ги интересира што прави оваа религиозна група токму во Куманово.

Групата Лев Тахор се противи на државното уредување и живеат по свои правила. Оваа група до минатата недела престојувала во Сараево, но според тамошните медиуми, не и било дозволено да го продолжи престојот, па се упатиле во Македонија.

Слични Објави