| |

ЈАНКУЛОСКА: ВМРО-ДПМНЕ НЕ СТОИ ПОЗАДИ ПРОТЕСТИТЕ НА 27 АПРИЛ

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во сведочењето за случајот поврзан со организацијата на протестите на 27 април 2017 година, негираше дека нејзината партија, ВМРО-ДПМНЕ, била организатор на настаните, пренесува Фокус.

Јанкулоска вели дека не ѝ биле познати одлуки во врска со протестите односно дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не излегла со формален став за демонстрациите кои ги организираше движењето „За заедничка Македонија“.

Поранешната министерка за внатрешни работи сведочи дека во критичниот ден, била во својата канцеларија во партиското седиште и тврди дека не се случувало ништо невообичаено, а околу 17:00 часот си заминала дома и на телевизија видела што се случува во Собранието.

Слични Објави