В. КАНЗУРОВ: КАКО СДСМ ГИ ГРАДИ ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ СО БУГАРИЈА КОГА ГИ СТИГМАТИЗИРА БУГАРСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА?
Пред две години, практично комплетната пратеничка група на таканаречениот СДСМ и коалицијата околу него, го шеруваше истиот овој пост (кој, го гледаме на ѕидот на „чесниот Албанец“ Мухамед Зеќири), на дело покажувајќи, какви всушност противници на национализмот да ми ти биле тие, и, со какво стигматизирање ќе градат добрососедски односи со Бугарија, како и со жителите на Република Северна Македонија, кои припаѓаат на етносот, на кој припаѓале: Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Никола Карев… итн… итн…
А, како, пак, да се коментира, континуираната, отворена поддршка на официјална Бугарија, за оваа антибугарска, шовинистичка, сега веќе, владејачка партија во Северна Македонија!? Таа поддршка беше манифестирана и неодамна, кога премиерот Зоран Заев и претседателскиот кандидат Стево Коминтерна Пендаровски, во предизборна агитација беа на собирот на едно слугински поставено кон т.н. СДСМ (бугарско, сместено во РСМ) здружение (со два и пол члена), кое се занимава главно со рекетирање, т.е. со издавање некакви листчиња, кои, се наплаќаат по 30 евра и божем се потврда за бугарскиот происход на изрекетираните, идни кандидати за бугарско државјанство!?
На што личи кога некогашен бугарски претседател, актуелни претставници на бугарската држава во Скопје, европратеник на најголемата владејачка бугарска партија, бугарски експремиер-актуелен претседател на Партијата на европските социјалисти (последните двајца, „само“ со видео пораки), други Бугари од Бугарија, дозволуваат да бидат злоупотребени (ако воопшто станува збор за злоупотреба) и удостојуваат еден, де факто, предизборен собир на таканаречениот СДСМ, партија со долг, та предолг стаж на ширење антибугарска омраза, нешто, од што, лажните социјалдемократи, сѐ уште се немаат еманципирано!?
Не е ли лицемер, Стево Коминтерна Пендаровски, кога ќе каже, обраќајќи се на граѓаните на РСМ, чиј идентитет е ист со оној на браќа Миладинови, Кузман Шапкарев и Григор Прличев, дека некои влади нив ги доживувале како непријатели – зборувајќи божем негативно за таа појава – а неговата пратеничка група постира фотографии, кои, имено, сугерираат дека лицата со етничка припадност, иста како таа на Рајко Жинзифов, Јордан Хаџи Константинов Џинот, Војдан Георгиев Чернодрински и други историски личности, всушност се лажни патриоти и непријатели!?, напиша на својот профил новинарот Виктор Канзуров.

