| |

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА ПОТРОШИЛЕ МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ ВО ГРЦИЈА ЗА 2018 ГОДИНА

Државната банка на Грција објави извештај според кој туристичкиот профит за Грција што доаѓа од џебовите на туристите од Република Македонија, за 2018 достигнува 155,3 милиони евра, сума што е за 13,6 % помала во споредба со податоците за 2017. Според извештајот македонските туристи во Грција најмногу потрошиле во 2015 г, кога приходите на јужниот сосед само од „Скопјаните“ достигнале 247 милиони евра.

Во годишниот извештај од Банката на Грција, детално се објавени статистичките податоци за туристички пристигнувања според земјата на потекло на туристите, бројот на ноќевања според земјата на потекло, како и туристички приходи за Грција. Вклучени се земјите членки на ЕУ од евро зоната (Австрија, Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија и Кипар), земјите што се вон еврозоната (Данска, Обединетото Кралство, Шведска и Бугарија) и други, останати земји (Швајцарија, САД, Република Северна Македонија и Русија).



Слични Објави