СДСМ: 27 АПРИЛ НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ
На денешен ден пред двe години се случи најцрниот чин во историјата на демократијата кога насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници и новинари.
Дури и по цена на убиство на пратеници и граѓанска војна, режимот на ВМРО-ДПМНЕ одбиваше да дозволи мирен трансфер на власта.
Атмосферата на национализам, насилство и линч што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ја спорведуваше резултираше со терористичко загрозување на безбедноста, за што веќе има и правосилни судски пресуди.
На овие избори, гласот за Сиљановска е глас за насилството и насилниците од 27 април, гласот за Сиљановска е глас враќање на темното време на репресивниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на СДСМ.

