(ВИДЕО) ИЛИНДЕН-ВЕЛИГДЕН, ДЕЈГИДИ МЛАДИ КОМИТИ
Оваа прекрасна песна ја изведуваат младите и талентирани пејачки на изворна музика од село Драговиштица Бугарија, Лидија Ангелова и Бисера Иванова. Текстот е дело на Ивајло Шопски, а аранжманот на Иван Јосифов.
Песната е посветена на големиот пирински војвода Стојан М’лчанков, учесник во Илинденското востание како војвода на чета, а во Балканските војни од 1912 и 1913 година е војвода на чета во Македоно-одринското ополчение во составот на бугарската армија.
