ВО БУГАРИЈА ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГА ЗА ВОДЕНСКИОТ ВОЈВОДА НА ВМРО МИЦЕ ЧЕГАНСКИ

Во пресрет на 117-тата година од Илинденско-преображденското востание во Бугарија излезе од печат книгата Мице Чегански во авторство на Александар Радовски. Заедно со книгата веќе е факт и песната посветена на војводата Мице Чегански во изведба на дуетот Бисера Иванова, Лидија Ангелова и Дами Милев. Музиката на песната е напишана од Дани Милев а текстот е на авторот на книгата Александар Радовски. Книгата излегува од печат со помошта на организациониот секретар на ВМРО, Јулиан Ангелов.

Книгата на Александар Радовски ја разгледува проблематиката на македонското национално движење преку призмата на полициските истраги од тоа време. Стравот од тајната организација може јасно да се види од полициските извештаи. Од книгата јасно можеме да разбереме колку силно и големо било ВМРО во тоа време. Но исто така се потврдува и максимата дека и најмоќната организација не може да ја победи државата.

Во книгата има многу интересни информации за: Григор Беганов, Иван Пукев, Лазар Маџиров, Ѓорѓи Маџиров, Ташо Тојтов, Динчо Балкански, Стојан Јуруков, Атанас Калчев, Лев Главинчев, Ангел Коларов, Ѓорѓи Поп Христов, Крстан Поп Тодоров, Петар Шанданов, Михаел Чкатров, Стефан Карајорданов, Страхил Развигоров, Стојан Келпеков, Јордан Гурков, Никола Франгов, Цветко Комитов, Илија Лерински, Никола Хаџиев, Лазар Кунгалов, Тома Радовски, Ѓорѓи Хазнатарски и други дејци на ВМРО. Во книгата се искористени архиви од периодот 1933-1942 година.

Во книгата може да се видат интересни факти за таткото на баба Ванѓа кој исто така бил припадник на ВМРО, Пандо Сурчев.

Војводата Мице Чегански не се откажува од својата револуционарна борба за Македонија но тој и неговото семејство плаќаат голема цена за тоа. Тој е еден од малкуте војводи на ВМРО кој успева да остане жив и да дочека достојна возраст и во длабока старост да си замине од овој свет. Авторот на книгата искажува голема благодарност до членовите на „Бугарското здружение на родовите од Македониа“ а исто така и до г. Рајна Дрангова ќерка на револуционерот Кирил Дрангов за нивната помош и материјали поврзани со војводата Мице Чегански и воденската чета на револуцијата.