СЛЕДЕН ПАТ, КОГА ЌЕ ВИДИТЕ ПОКРУПНА ДАМА, ПОМИСЛЕТЕ КОЛКУПАТИ СЕ ОТКАЖАЛА ОД СВОИТЕ СНИШТА САМО ЗАТОА ШТО СВЕТОТ САКАЛ ДА ЈА ВИДИ ПОТЕНКА

Би сакала да проговорам за нешто кое ќе ме разберат многу дами. Посебно овој летен период.

Се наоѓаме во нова ера каде се скршени многу табуа. Жената отсекогаш била коментирана и осудувана за нејзиниот изглед.
Посебно оној на плажа.
Во бикини.

Постојат жени кои што се покрупни. И не дека не се трудат да бидат поинакви. Верувајте, тоа се паметни жени кои со сè можат да се изборат освен со тоа. И причините се безбројни.
Здравствен проблем.
Мајка природа.
Пораѓање.
Јо-јо ефекти.
Седечко работно место.
Презафатен работен ден.
Демотивација.
Депресија.
Очај.
Психички трауми.
И ред други нус појави.

Сите имаме мани. На некои ни се гледаат повеќе, на некои помалку. Вишокот килограми е проблем со кој може да се соочи секој во ова време на брзи храни, нездрави храни, брзи диети, стрес, нездрав стил на живот. Да не кажам дека здравата храна е скапа и не може секој да си дозволи третмани за слабеење.
И не секој може да издржи диета, не секој е мотивиран, не секој е инаетлив, и многумина сме изгубени во оваа целоживотна трка со килограмите.

И капак на сето тоа: светот те гледа со предрасуда поради вишокот килограми секаде каде што ќе се појавиш.
Посебно на плажа.

Следен пат, кога ќе видите покрупна дама, помислете колкупати се откажала од своите сништа само затоа што светот сакал да ја види потенка.
А, била квалификувана, талентирана, паметна, умешна.

Прифатете ги различностите затоа што убавиот свет го прават убавите умови.
Дами, вашата култура, насмевка и убав збор ќе го подобри нечиј ден.
Харизмата не се фотошопира.

Жена бидува со облини.
Какво срце, таква жена.

Фб статус на Писателката од Лозана