| |

107 години од смртта на поетот кој „блесна като звезда и угасна“

На денешен ден одбележуваме 107 години од смртта на големиот бугарски поет Димчо Дебелјанов, кој на 2 октомври 1916 г. го губи својот живот во борбата кај село Горно Караџово (ден. Моноклисија) на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна.

Дебелјанов е роден на 28 март 1887 г. во Копривштица. Во 1896 по смртта на неговиот татко, неговото семејство се преселува во Пловдив, каде идниот голем бугарски поет дипломира на познатата Пловдивска машка гимназија. Во 1904 г. следи нова преселба на семејството овој пат во Софија.

Дебелјанов почнува да пишува поезија многу млад. Во 1906 г. во списанието „Современост“ за прв пат се објавени неговите творби „На таз, която в нощи мълчаливи“, „Когато вишните цъфтяха“. Во тоа време Дебелјанов, кој е само на 19 години е импресиониран од творештвото на големите бугарски поети Пенчо Славејков и Пејо Јаворов.

По 1907 г. Дебелјанов соработува со изданијата „Бугарска збирка“, „Современик“, „Низ нов пат“, „Оса“ и др. Пишува и сатира под псевдонимите Аз, Амер, Тафт, Сулбатер и други. Во 1907 г. се запишува на студии на Правниот факултет на Софискиот универзитет, по една година се префрлува на Факултетот за историја и филологија, но студира само две години.

Сам успева да научи француски, руски и англиски јазик и преведува автори како Бодлер, Верлен, дури и Шекспир.

Учествува во Првата балканска војна како обичен војник. Во 1913 г. ја завршува Школата за резервни офицери во Кнјажево и станува подпоручик на Бугарската армија.

И покрај тоа што не бил на списокот за мобилизација за време на Првата светска војна, во јануари 1916 г. тој заминува за фронтот со зборовите:  „Аз отивам да изпълня патриотичния си дълг и зная че няма да се върна; ще блесна като звезда и ще угасна“.

По осум месеци поминати на фронтот, на 2 октомври 1916 г. во борба со англиски трупи кај селото Горно Караџово, подпоручик Дебелјанов го губи својот живот. Погребан е на следниот ден во дворот на бугарската црква во Демирхисар (ден. Сидирокастро). Посмртно е награден со воен орден „За храброст“, IV степен.

Во 1931 г. посмртните останки на поетот се пренесени во неговиот роден град Копривштица.

Дел од циклусот „Замиращи звуци“ на Димчо Дебелjaнов стои на плочата на Споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид.

„Внезапно кипнала, замря
на радост светлата вълна
и между нас се разпростря
ненарушима тишина“.

Един убит

Той не ни е вече враг –
живите от враговете
бурна ги вълна помете
нейде към отсрещний бряг.

Ето, в хлътналия слог
легнал е спокойно бледен
с примирена скръб загледан
в свода ясен и дълбок.

И по сивата земя,
топлена от ласки южни,
трепкат плахи и ненужни
с кръв напръскани писма.

Кой е той и де е бил?
Чий го зов при нас доведе,
в ден на вихрени победи
да умре непобедил?

Клета майчина ръка,
ти ли го в неволя черна
с думи на любов безмерна
утеши и приласка?

Смешна жал, нелепа жал,
в грохотно, жестоко време!
Не живот ли да отнеме
той живота свой е дал?

И нима под вражи стяг
готвил е за нас пощада? –
Не, той взе що му се пада,
мъртвият не ни е враг!

Димчо Дебелјанов

Фото: www.bulgarianhistory.org

Слични Објави