Додека снимателите чекаат Катица Јанева да излезе од полициското комбе, на местото се појави камион и се паркира стратешки за да не може да се види како Јанева влегува во својата куќа.
Дали камионот случајно се најде таму? Дали го носи мебелот од Орце или пак едноставно се најде во точното време за да не можат снимателите да ја снимат Катица Јанева, останува да видиме.
Потсетуваме дека во времето на Груевски ништо не ги спречуваше новинарите да ги пренесуваат спектакуларните апсења на претходната власт.