| |

СУДЕЊЕТО ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА „27 АПРИЛ“ ПРОДОЛЖУВА НА 16 ФЕВРУАРИ

Судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година продолжува на 16 февруари, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци на одбраната, јавува Независен весник.

Поранешната заменик министерка за правда Биљана Бришковска Бошковски, рече дека на 27 април 2017 година попладнето, откако дознала за случувањата се упатила во штабот на ВМРО-ДПМНЕ да се види со Иво Котевски, кој бил со Спиро Ристовски и Луке Гелевски.

– Се упатив на 8-ми кат, каде беа повеќе функционери и членови на извршен одбор на партијата, директори и градоначалници. Колку што се сеќавам Миле Јанакиески и Спиро Ристовски ги видов на 8-ми кат на мое заминување од штабот околу 21:30 часот, рече Бришковска.

Прашана дали го познава лицето Александар Василевски – Нинџа, Бришковска рече дека како име и презиме го има сретнато во службена комуникација во Министерството за правда, како лице со големо криминално досие.

– Не сум го видела во штабот на ВМРО-ДПМНЕ додека сум била таму. Ликот го знам од медиуми и лице со негова градба сигурно би го приметила, рече Бришковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави