| |

Во Банско отворено ново кино со две сали и можност за 3Д-проекции

Новото кино „Арена Банско“, сместено во зградата на културниот дом „Никола Вапцаров“, од 25 септември ги прима своите први посетители. Киното располага со две сали со по 29 седишта и опрема за 3Д-проекции, јавува Пиринско.

На свеченото отворање, градоначалникот на Банско, Стојчо Баненски, ја пресече лентата, по што се одржа првата проекција. На настанот присуствуваа претставници на локалната власт, партнери и гости.

Салите се опремени со ергономски седишта и со системи за слика и звук од производителите Christie, JBL и Harkness Screens.

Во рамките на киното има и пространа тераса под сенка, наменета за одмор пред или по проекциите, каде што посетителите можат да се послужат со кафе, пијалаци и грицки.

Програмата на „Арена Банско“ вклучува нови филмски наслови и специјални проекции за жителите и посетителите на планинскиот град.

Слични Објави