КАКО ДА СЕ ГРИЖИТЕ ПОМАЛКУ?

?Така што ќе сфатите дека преголемата грижа, не го решава проблемот. Добар план и акција се потребни.
?Ќе увидите колку многу време трошите на грижа, колку е тоа исцрпувачко, стресно и многу често неосновано.
?Ќе живеете свесно и присутно во моментот, наместо да правите катастрофични сценарија за иднината што можеби никогаш нема да се случат.
?Ќе направите разлика помеѓу реален проблем и животен предизвик, од замислен.
?Ќе практикувате конструктивно и кратко, временски ограничено размислување со заклучок или план на крајот, а потоа ќе излезете од умот и ќе преминете на АКЦИЈА и контакт.
?Ќе престанете да се обидувате да најдете начини да контролирате работи кои не се во ваша моќ.
?Ќе превземете иницијатива за тоа што е во ваша контрола и моќ.
?Секојдневно практикувајте медитација, правете ментален тренинг за присуство во овде и сега. Така ќе се релаксирате и ќе се разбуди силата и креативноста во вас, за што и да во моментот ви е потребна.
?Ќе го исполните вашето време со грижа за себе и убаво живеење, ќе вежбате, ќе читате, ќе минувате време во природа и ќе имате здрави и секојдневни контакти со драги луѓе од вашиот живот.
?Некогаш претераното грижење и руминација се лоша навика, која ќе треба трпеливо и дисциплинирано да ја промените.
?Ќе ја прифатите незвесноста на животот!

Автор: М-р Ивана Хаџиванова, Психолог, Психотерапевт

Слични Објави