| |

Во Скопје беше одбележана 150-та годишнина од смртта на Апостолот на бугарската слобода Васил Левски

Со изложба и програма на децата од неделното училиште „Здравеј“ во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје беше одбележана 150-та годишнина од смртта на наjголемиот бугарски револуционер Васил Левски.

Пред присутните на одбележувањето се обратија директорката на КИЦ-Скопје Антонија Велева и амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов.

Изложбата што беше претставена во Културно-информативниот центар преку текст и фотографија раскажува за ликот и делото на Васил Левски.

Децата од неделното училиште „Здравеј“ претставија рецитал посветен на Васил Левски, а исто така и кратка театарска претстава, која ги пренесе гостите во миговите кога Васил Левски бил испрашуван од османлиските истражни органи.

Погледнете галерија од одбележувањето:



Слични Објави