| |

ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА „НАСИЛСТВО ВО ЦЕНТАР“

Заради отсуство на обвинетиот Митко Пецов, денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ е одложено. Пред Судот беше речено дека Пецов е спречен да дојде заради болест. Во судницата не се појави ниту сведокот Мирослав Шиповиќ, а обвинетиот Никола Груевски, дојде со задоцнување од 15 минути.

Во овој предмет обвинети се поранешниот премиер, Никола Груевски, екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешната советничка на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште осум други лица. Се товарат за поттикнување насилство, кое се случи за време на протестите пред Општина Центар во 2013 година.

Слични Објави