ТРОЈЦАТА АДВОКАТИ НА МИЛЕ ЈАНАКИЕВСКИ КАЗНЕТИ СО ПО 1000 ЕВРА
Денешното рочиште за предметот „Топлик“, е одложено, бидејќи бранителите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Сања Алексиќ и Дончо Наков, не се појавија во судницата, за што од судијата Осман Шабани добија парична казна во висина од 1.000 евра, во денарска противвредност.
Адвокатите со писмени поднесоци испратени на 19 септември го известиле Судот дека поради судењето за настаните од 27 април нема да можат да присуствуват на рочиштето за „Топлик“.
Во случајот „Топлик“ покрај Јанакиевски обвинети се уште 6 лица за злоупотреба на службената положба при продажба на земјиште за месноста Сончев Град во Сопиште.

