| |

Никица Корубин за изјавата на Пендаровски: Дали ние како Северна Македонија се потсетуваме на жртвите од Холокаустот или судиме за историски настани

„Тоа е погрешна перспектива на одбележувањето на настан од ваков ранг и ваков интензитет; дали ние како Северна Македонија се потсетуваме на жртвите од Холокаустот или судиме за историски настани“, вели во разговор за „Локално“ поранешната пратеничка од ЛДП, Никица Корубин коментирајќи за последната изјава на претседателот Стево Пендаровски кој побара извинување од Софија за депортацијата на македонските Евреи од страна на тогашната профашистичка бугарска влада.

Таа додава дека „ако е ова првото, тогаш го злоупотребуваме овој спомен за популистички и тенденциозно-опортуни наративи, а ако е второто, тогаш да ја освежиме меморијата за овие трагични настани целосно, за да видиме што навистина се случувало локално кај нас, надвор од дозволената историја“.

„Односот кон историски настани, особено кога станува збор за трагедија без преседан, како што е Холокаустот, не смее да биде повод за популизам, таргетиран говор и (зло)употреба на наративот, особено не од страна на високи политички функции. Повторно се враќаме на првото прашање, дали и овој настан е само (зло)употребен да ја демонстрираме нашата „историска супериорност“ над Бугарија, а всушност да ги држиме односите замрзнати, свесно и смислено“, смета Корубин.

Според неа, „се добива впечаток, дека едвај чекаме повод за да се конфронтирaме со Бугарија, особено во одбрана на нашата наследена историја, која и не е наша во автентично македонска смисла, како современа држава Северна Македонија“.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави