| |

Тагарев: Ако дозволи Скопје, ќе инвестираме повеќе во реставрација на воените споменици

За да инвестираме повеќе во реставрација на спомениците, потребна ни е дозвола од Република Северна Македонија и работиме во оваа насока. Ова го рече министерот за одбрана Тодор Тагарев на денешната собраниска седница на бугарскиот парламент, резервирана за пратенички прашања. Тој одговори на прашање на пратеникот од редовите на „Има таков народ“ Станислав Богдански за обновувањето и одржувањето на бугарските воени гробишта на територијата на Република Северна Македонија, како и за тоа кои се целите на Министерството за одбрана оваа година по ова прашање.

Во последните неколку години дијалогот со Република Северна Македонија е многу тежок, истакна Тагарев. Министерот објасни дека издал наредба со која е формирана постојана меѓуресорска работна група од Министерството за одбрана и МНР за координирање на политиката на двата ресори во однос на зачувувањето на бугарското воено историско наследство во странство, со која ќе продолжат обидите за добивање дозволи за назначените приоритетни споменици и цели, јавува БТА.

Годинава ќе се инвестираат средства во износ од 200.000 лева за заштита на воените споменици и гробишта, одлучија пратениците на крајот на минатата година кога го изгласаа државниот буџет. Создадена е организација која ќе ја спроведе одлуката на Народното собрание со трошење на дополнителната сума што ни е дадена, рече бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев.

Фото: БГНЕС



Слични Објави