| |

Бугарската гимнастичарка Стилијана Николова освои сребро на Светското првенство во ритмичка гимнастика и обезбеди олимписка квота за Бугарија

Бугарската гимнастичарка Стилијана Николова го освои сребрениот медал во индивидуалниот повеќебој на Светското првенство во ритмичка гимнастика во Франкфурт и обезбеди квота за Бугарија за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028, јавува БГНЕС.

Ова е прв медал за Бугарија на шампионатот, а Николова по настапот изрази задоволство од постигнатиот резултат.

„Дефинитивно сум задоволна од себе. Најмногу сум среќна за освоената квота, за тоа што сум светска вицешампионка и воопшто сум многу задоволна“, изјави Николова.

Таа нагласи дека продолжува да работи на својот развој и дека сериозно ќе им пристапи на трите финалиња на поединечните дисциплини.

„Во недела исто така е важен натпревар. Имам три финалиња, па ќе пристапам многу сериозно“, рече Николова.



Слични Објави