163 години од раѓањето на Алеко Константинов – симбол на граѓанската совест и слободниот дух
Се одбележуваат 163 години од раѓањето на Алеко Константинов – еден од најзначајните бугарски писатели, публицисти и јавни дејци, познат како основоположник на организираното туристичко движење во Бугарија, пишува БГНЕС.
Алеко Константинов, нарекуван „Среќникот“, е роден на 1 јануари 1863 година во Свиштов. Тој останува запаметен како творец на бугарската социјална сатира и автор на култни дела како „До Чикаго и назад“ и „Бај Гањо“, во кои преку хумор и иронија ги разобличува општествените пороци на своето време – корупцијата, политичката безпринципност и лажниот патриотизам.
Како борец за владеење на правото и слободата на говорот, Константинов ја утврдува својата улога како морален коректив на општеството, поради што неговото творештво и денес е актуелно.
По негова иницијатива, на 27 август 1895 година на Црни Врв е основан првиот туристички клуб во Бугарија – Клубот на бугарските туристи.
Алеко Константинов трагично загинува на 23 мај 1897 година при неуспешен атентат врз неговиот сопартиец Михаил Такев.
Во центарот на Софија, на булеварот „Витоша“, се наоѓа споменикот на Алеко Константинов – симбол на неговиот немирен дух и љубовта кон патувањето и слободата.
На 1 јануари 2026 година, во 18 часот, граѓани и јавни личности ќе се соберат пред споменикот на Среќникот за да го одбележат граѓанскиот патриотизам, чиј траен симбол останува Алеко Константинов.
