StudirajBG им честита на примените студенти на првото рангирање во Бугарија
Тимот на StudirajBG им упати честитки на студентите кои се примени на првото рангирање за студирање во Бугарија, посакувајќи им успешен почеток на нивната нова образовна етапа.
„Ви посакуваме многу успеси, нови пријателства, незаборавни студентски моменти и храбар почеток на оваа нова етапа“, порачаа од StudirajBG.
Од тимот испратија порака и до кандидатите кои не се меѓу примените на првото рангирање, охрабрувајќи ги да не се откажуваат и да ја очекуваат следната можност.
„А на сите кои овојпат не се меѓу примените – не се откажувајте! Ви посакуваме многу среќа и успех на второто рангирање“, се наведува во пораката објавена на социјалната мре.
Од StudirajBG дополнително ги охрабрија идните студенти да останат истрајни во остварувањето на својата цел.
„Верувајте во себе – вашата шанса допрва доаѓа!“, порача тимот на StudirajBG.

