Бугарија и Грција градат посебна мрежа за размена на секретни информации
Во рок од една година ќе се изгради квантна комуникациска мрежа од Софија до Грција. Преку мрежата ќе може да се пренесуваат тајни информации меѓу владини и невладини институции. Тоа е најсигурниот начин за размена на информации, бидејќи каналот не може да се „пробие“ или да биде „хакиран“, јавува бугарската телевизија БТВ.
„Квантната комуникација е првата технологија од ваков вид што ќе гарантира целосна заштита на информациите од областа на сајбер безбедноста“, вели министерот за внатрешни работи на Бугарија Калин Стојанов.
Оваа специјална мрежа се спроведува под координација на Европската комисија. МВР ќе биде дел од органите кои ќе ја градат копнената траса.
