| |

КОЛЕВ: НАШИТЕ ЈУГОСЛОВЕНИ И ТИТОВИСТИ СЕ ИСТИ, КОЛИТЕ ИМ СЕ ГЕРМАНСКИ, ПАРИТЕ ИМ СЕ ВО ЕВРА!

„Заштитниците на комунизмот ги користат достигнувањата на европската цивилизација и западниот свет и во исто време ни објаснуваат колку е „успешен и неверојатен” комунизмот.
И нашите Југословени и Титовисти се исти, колите им се германски, парите им се во евра и долари, едното дете им е во Берлин со бугарски пасош, другото во Њујорк со стипендија од САД, а тие како” крлежи” вкопчани на државна служба во Македонија ни објаснуваат колку било убаво во Југославија и во времето на Тито!
Има и полоша верзија, избегале од комунизмот и крвавиот распад на Југославија во САД или Австралија, веќе се американски и австралиски државјани и од таму ни објаснуваат за Тито и „братство и јединство” и како Америка и Европа ја растуриле Југославија.
Хипер-кризија и лицемерие во прво лице еднина“, напиша на својот личен facebook профил претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев.



Слични Објави