(Видео) Таа го соши бајракот и таа му го тури знакот!

/

На денешен ден пред 167 години, на 18 јануари 1856 г. е родена бугарската хероина Рајна Поп Георгиева Футекова. Таа го сошила знамето на Априлското востание од 1876 година. Во денот на објавувањето на востанието, го развеала со воjводата Георги Бенковски.

Останала во меморијата на бугарскиот народ како Рајна Кнегиња. На неа и е посветена една од најубавите комитски песни „Кой уши байряка“, македонската верзија на песната се вика „Ајде провикна се турскиот паша“.

Настап на мешаниот хор „Ралчо Сапунџиев“ во читалиште „Виделина“ во Панаѓуриште. Диригент Анета Калпакова, солист Никола Скачков.

Македонската верзија на песната ја изведува Костадинка Палазова Ѓорѓиоска од селото Сехово, кукушко.

Претходна статија

Триото на македонскиот гитарист Сашо Поповски во Софија и Пловдив

Следна статија

Да го признаеш доброто- наградите доделени постхумно на царот Борис III од светски еврејски организации

Најново од Видео