УТРЕ ВАКЦИНАЦИЈА ВО ПОЛИКЛИНИКАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ СО РУСКА ВАКЦИНА
Во поликлиниката Букурешт утре почнува ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“. Во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизација со вакцината „Спутник V“.
Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.
-Поради проширувањето на ковид капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здарвство.

