| |

ДЕНЕСКА И УТРЕ ПРВ СОСТАНОК НА БУГАРСКО-МАКЕДОНСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

Денеска и утре во Скопје ќе се оддржи првиот состанок на мешовитата владина комисија за економска соработка меѓу Македонија и Бугарија. Состанокот ќе биде воден од министерот за економија Бектеши и министерот за транспорт на Р. Бугарија Росен Жељазков.

Главни теми на состанокот ќе бидат изградбата на транспортна и енергетска инфраструктура, а ќе бидат разгледани и прашања поврзани со информатичките технологии, транспортот и инвестициите во земјоделието. Се очекува да биде потпишан и меморандум за помаѓање на малиот и средниот бизнис.



Слични Објави