| |

ВМРО-ДПМНЕ: МАКЕДОНИЈА 2018 ЈА ЗАВРШИ СО НАЈСЛАБ РАСТ НА БДП ВО ЕВРОПА

За штетните економски политики на оваа власт доволно говори фактот дека Македонија минатата година ја заврши со најслаб раст на БДП во Европа и во регионот. Граѓаните чиј стандард опаѓа најдобро го чувствуваат по својот грб и по својот џеб неработењето на оваа власт.

Над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а долгот за само две години е зголемен за над 500 милиони евра. Јавниот долг ја помина психолошката бариера од 5 милијарди евра и е над 50% од БДП.

Минатата година ја завршивме со срамна реализација на капитални инвестиции од 50%, а за првиот месец од 2019 има катастрофална реализација од само 1,09% на капитални инвестиции. Тоа значи дека парите од буџетот се трошат, а нема ниту проекти, ниту нови училишта, патишта, болници детски градинки и слично. Патем нема ниту нови фабрики и странки инвестиции иако Заев ветуваше дека во Македонија само што не пристигнале Гугл, Фејсбук и Фолксваген.

Тоа што е единствена светла точка во економијата на Македонија се странските фабрики кои се отворија во ТИРЗ-овите во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и кои денес СДСМ ги бележи и за индустриско производство и за извоз, а додека беше во опозиција ги напаѓаше и клеветеше. Ова е целото лицемерие на СДСМ на дело, се вели во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави