ПОЖАРОТ ВО АТИНА СЕПАК БИЛ ПОДМЕТНАТ?

//

Владата на Грција се соочи со лавина од критики за начинот на кој се справува со пожарите кој беснеат на Атика, предизвикаа непроценлива штета во главниот град Атина и одземаа огромен број човечки животи. Се проценува дека за два дена животот го загубија над 80 жители над 200 се повредени а има и десетици кои се водат за исчезнати. Жителите на Атина тврдат дека се во паника и не е наредена ниту една официјална евакуација.

Вчера Обвинителот на Врховниот суд нареди истрага за причината за пожарите поради стравувањата дека биле подметнати намерно. Екстремните температури и силните ветрови во областа само го потпомогнаа брзото ширење пожарот. Грчката полиција веќе постапи по налогот и уапси четворица осомничени во едно атинско предградие. Грчките медиуми пренесуваат дека уапсените се лица на возраст од 22 и 26 години, а при приведувањето се криеле во напуштена куќа.

Претходно полицијата успешно изврши неколку апсења на луѓе кои ги ограбувале домовите на луѓето што бегале во паника пред дивеењето на пожарот.



Претходна статија

УБАВО СИ КАЖАА ВО „ДАМБО“

Следна статија

НЕГУВАТЕЛКИ ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО ВАСИЛЕВО ОТПУШТЕНИ ОД РАБОТА

Најново од Вести