| |

ЗАЕВ НА АУДИЕНЦИЈА КАЈ ПАПАТА ФРАНЦИСК

Премиерот Зоран Заев во рамки на посетата на Република Италија и на Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска ќе присуствува на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Според агендата, премиерот Заев, кој ја предводи владината делегација во чиј состав се вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, советникот за надворешна политика на премиерот Дане Талески и директорот на Комисија за односи со верски заедници Даријан Сотировски, по средбата со папата треба да оствари средба и со државниот секретар на Светата столица, кардинал Пјетро Паролин.

Слични Објави