ДАЛИ ВМРО-НП ШТИП ПРЕМИНУВА ВО ВМРО ДПМНЕ?

На фотографијата што ја добивме од наш читател јасно се гледа дека претседателот на ВМРО-НП Штип, Зоран Костовски се наоѓа во друштвото на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се појавува прашањето дали „дружбата“ меѓу Костовски и Мицкоски е најава за премин на ВМРО-НП Штип во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, или пак е само флерт за идни заеднички „активности“? Потсетуваме дека на минатите локални избори во Штип, ВМРО-НП коалицираше со СДСМ. Дали „тајната“ врска НП-ДПМНЕ е веќе јавна, останува да видиме.