ЦИК ги објави конечните резултати од претседателските избори во Бугарија
Два дена по вториот круг од претседателските избори во Бугарија, Централната изборна комисија (ЦИК) ги објави конечните резултати. По обработени 100 отсто од записниците на избирачките комисии, Илијана Јотова и Кирил В’лчев освоија 57,566 отсто од гласовите, односно 1.093.852 гласа. Андреј Ѓуров и Георги Кандев е на второто место со 39,483 отсто, односно 750.251 глас, јави БГНЕС. Разликата меѓу двете кандидатски двојки изнесува 343.601 глас.
На вториот круг гласале вкупно 1.902.933 избирачи, а излезноста изнесувала 28,67 отсто, покажуваат податоците на ЦИК. Опцијата „Не поддржувам никого“ ја избрале 56.080 гласачи, односно 2,951 отсто. Излезноста во вториот круг била повисока во споредба со првиот круг, кога на гласање излегле 22,98 отсто од избирачите.
