| |

Романот „Градинарот и смртта“ на Георги Господинов ја освои шведската меѓународна книжевна награда

Романот „Градинарот и смртта“ на бугарскиот писател Георги Господинов ја освои шведската меѓународна книжевна награда, соопшти самиот автор преку социјалната мрежа Фејсбук, пренесува БНТ.

„Се случи!“, напиша Господинов, наведувајќи дека утрово сите шведски весници, без исклучок, објавиле дека бугарска книга е добитник на големата награда на Стокхолм.

Во објавата писателот додава: „Има и такви вести во странскиот печат“. Свеченото доделување на наградата ќе се одржи на 19 јануари во Стокхолм. Ова е уште едно меѓународно признание за Георги Господинов и за бугарската литература.

Слични Објави