НА ПАЗАРОТ СОМНИТЕЛНИ ПЛИНСКИ БОЦИ, ИНСТИТУЦИИТЕ СИ ЈА ПРЕФРЛААТ НАДЛЕЖНОСТА ЗА КОНТРОЛА

//

На македонскиот пазар може да се најдат плински шишиња за домаќинството (плински боци), па дури и боци за технички гасови што се користат за оксигенско заварување со сомнителен квалитет и без сертификат за исправност и контрола, а институциите си ја префрлаат надлежноста за контрола на пазарот едни на други.

Овој факт излезе на површина по последниот немил настан во кумановското село Романовце каде од експлозија на плинска боца загинаа четворица членови на едно семејство, од кои тројца на место, а еден подоцна во болница им подлегна на повредите, додека уште шестмина се повредени, од кои четворица се во критична состојба, меѓу кои и бремена жена и дете.

Како што информира за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, во текот на минатата година Бригадата имала повеќе од 60 интервенции на пожари предизвикани од плински боци.



– За среќа во пожарите предизвикани од плински боци во 2019 година нема жртви, но причинета е голема материјална штета, изјави Симоновски и додаде дека нема конкретни бројки дали пожарите биле предизвикана од шпорети или грејни тела на плин. (Целиот материјал прочитајте го на www.kajgana.com)



Претходна статија

МИЛОШОСКИ ЈА ПРЕДАДЕ „БОМБАТА” ЗА ЗАЕВ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТO

Следна статија

СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС РЕГИСТРИРАН И ВО ЈУЖНА ИТАЛИЈА

Најново од Вести