КУМАНОВКА ГИ ПРИНУДИЛА МАЛОЛЕТНИТЕ ВНУЦИ ДА ПИТАЧАТ
Кумановската полиција поднесе кривични пријави против 57-годишна кумановска која ги принудувала внуците да питачат.
Како што соопштуваат од СВР Куманово кривичната пријава е поднесена против 57-годишната Р.И. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, затоа што ги принудила своите малолетни внуци, на питачење.