НОВОФОРМИРАНО ПОЛИЦИСКО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ

//

Денеска имам задоволство да ви го презентирам новоформираното Полициско одделение од општа недлежност Шуто Оризари, што е уште еден дополнителен, многу важен, чекор од реализацијата на концептот „полицијата- сервис на граѓаните“, рече министерот Оливер Спасовски на денешното почнување со работа на за прв пат формираното полициско одделение во ова скопска општина.
-За нас како актуелно раководство на министерството нема дилема дека отпочнувањето со работа на оваа Полициско одделение во оваа наша општина, во рамки на Полициската станица Чаир, односно Секторот за внатрешни работи Скопје, ќе значи зајакнување на превентивното, проактивно полициско работење на подрачјето на Шуто Оризари, и можност за далеку поголема, конкретна комуникација и соработка меѓу граѓаните и полицијата, а се во примарен интерес токму на граѓаните, како во поглед на јавниот ред и мир, така и во поглед на заштита на имотот и личната сигурност на сите жители на Шуто Оризари. Од сега граѓаните на Шуто Оризари имаат свое полициско одделение, а бенефит од тоа имаат и граѓаните, но и МВР- рече Спасовски.

Министерството со сопствени средства целосно ги подготви и опреми просториите на новото полициско одделение, инвестиција вредна речиси два милиони денари, при што денес добиваме објект кој што во целост инфраструктурно ќе може да ги задоволи потребите на нормално полициско работење.

Министерот Спасовски оствари средба и со градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш на која се разговараше за меѓусебната соработка, за обновувањето на врската меѓу локалната заедница и полицијата, нешто на што ова раководство работи во целиот период откако е дојдено во МВР.

-Многу важно за безбедноста е да има соработка, партнерски однос меѓу граѓаните и полицијата, но за жал таа нишка беше прекината во минатото. Токму затоа интензивно работиме на обновување на таа соработка и притоа ја враќаме довербата на граѓаните во полицијата, што го покажуваат и повеќе анкети- рече Спасовски.



Претходна статија

МЕРКЕЛ: ЌЕ НАПРАВАМ СЕ ШТО МОЖАМ МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИ НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ПРИДОНЕС ПРИ КРЕИРАЊЕТО НА ЗАКОН ЗА МЛАДИ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да