Уште еден час по бугарски јазик и литература во повеќе од 40 училишта во Молдавија каде што учат етнички Бугари
Уште еден час за изучување бугарски јазик и литература ќе има во над 40 училишта во Молдавија каде учат етнички Бугари. Ова се очекува да се случи од оваа учебна година според програмата на молдавското Министерство за образование. Целта е Бугарите во Молдавија подобро да го научат литературниот бугарски јазик, јавува БНР.
„Државната политика на Молдавија кон Бугарите е многу поволна“, вели Иван Думиника, историчар со бугарски корени, професор на Државниот универзитет Комрат и раководител на службата „Политики“ во областа на меѓуетничките односи во Министерството за образование на Молдавија. Таму живеат речиси 80.000 етнички Бугари. Програмата за учебната 2024-2025 година предвидува дополнителен час по бугарски јазик и литература во сите молдавски училишта каде учат деца со бугарски корени“, вели Думиника.
„Приближно станува збор за 45 училишта во Република Молдавија каде што се изучува бугарски јазик и литература, односно им даваме и еден час повеќе за комуникација“, вели Думиника.
Наставната програма предвидува и нова дисциплина – историја, традиција и култура на бугарскиот народ – која ќе се изучува во училиштата каде што учат етички Бугари.
„Тие го чуваат дијалектот на бугарскиот јазик. Мораме да им помогнеме да го научат и литературниот бугарски јазик. Тоа им дава можност да читаат бугарска литература. Кога го знаете литературниот јазик, полесно ви е да ја прочитате „Под игото“, а тоа води кон збогатување на јазикот“, вели Думиника.
