Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во случајот обвинети се поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешните функционери, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и уште 16 други лица. Осомничени се за изборни нерегуларности и злоупотреба на средства за финансирање изборната кампања во 2012 година.
Извор: Емагазин