НЕГУВАТЕЛКИ ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО ВАСИЛЕВО ОТПУШТЕНИ ОД РАБОТА
Денеска негувателките од детската градинка “Детска радост” во село Василево, оддржаа прес конференција на која се пожалија дека и покрај ветувањата дека нема да има поделби етничка или партиска линија денес тие добиле отказ.
Тие нагласуваат дека работеле професионално и со љубов, бидејќи се работи за деца, а на нивно место сега се вработени кадри кои се несоодветни за ова работно место.
Реакција стигна од Општина Василево дека негувателките не е се избркани, туку им завршила обврската од договорот, а слободно можат да се пријават на конкурсот за вработување што ќе го распише детската градинка “Детска радост”.

