СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ КАЈ МАВРОВО
Серија земјотреси се почувствувани синоќа и изутринава во регионот на Маврово. Последниот, најсилен беше во 7.44 часот од 3,4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 15 км југозападно од Гостивар и на длабочина од 4 км.
Најпрво послаб земјотрес се почувствува вчера во 21.03 часот. После полноќ тлото се тресеше цела ноќ. Првиот беше регистриран во 1.36 часот со магнитуда од 3,2 степени, по што следуваа уште два земјотреса во 2.29 и 2.49 часот со магнитуди од 2,8 и 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала.