(Фото) Одбележуваме 114 г. од убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов
На денешен ден пред 114 г, на 28.11.1907 г. во Софија се убиени задграничните претставници на Организацијата поручникот Борис Сарафов, началник на главниот востанички штаб на Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ и Иван Гарванов, раководител на Солунскиот конгрес на кој што е донесена одлуката за кревање на востанието.
Оваа фотографија го отсликува еден од најтрагичните настани во историјата на Организацијата и воопшто на Бугарите од Македонија. Убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов ќе остане во историјата како почеток на братоубиствените борби во ВМОРО/ВМРО. Нарачател на убиството е Јане Сандански, а физички убиец е Тодор Паница.

Праведната казна на Организацијата ги стигнала и двајцата предавници на револуционерното дело. Смртната пресуда врз Јане Сандански познат уште и како Бизим Јане е исполнета во април 1915 г. За негов физички ликвидатор се смета Андон Качарков. Долгата на рака на ВМРО го стасува и Тодор Паница. Тој е убиен на 8 мај 1925 г. во виенскиот Бург театар од Менча Крничева- идна сопруга на Иван Михајлов.