ДЕМИ ЛОВАТО Е НОВАТА ЕЈМИ ВАЈНХАУС?

//

Светските весници денес преполни со извештаи дека Деми Ловато е хоспитализирана по земање преголема доза на лекови.

25-годишната кант-авторка, која до завчера го изведуваше третиот дел од својата „Tell Me You Love Me/Кажи дека ме сакаш“ била одведена во болница во Лос Анџелес откако ја пронашле онесвестена во нејзиниот дом во вторникот. Таа е во контактибилна состојба и во моментов придужба ѝ прават членови од семејството. Во вакви моменти, многу е веројатно дека ќе се појават многу шпекулации и затоа нејзините агенти ги замолуваат медиумите на познатата пејачка да ѝ остават малку простор за приватност.

Ловато уште одамна отворено зборуваше за својата борба со зависностите, особено за кризата која ја доживеа во 2010 година, кога се повлече од концертната турнеја со браќата Јонас и побара стручна помош во установа за рехабилитација. По завршувањето на третманот следниот јануари, Ловато откри дека често користела кокаин и била дијагностицирана како биполарна. Таа, исто така, рече дека се борела со алкохолизам и нарушувања во исхраната.

Минатата година, во документарецот на YouTube за нејзиниот живот со наслов Деми Ловато: Едноставно сложено, Ловато рече: „Бев исплашена затоа што мајка ми секогаш ми велеше дека ќе ми препукне срцетоа ко продолжам со ова”, мислејќи притоа на своето претходно искуство со кокаинот.

„Но, јас секако си продолжував по свое, и уживав уште на првото пробување“. Отуѓениот татко на Ловато, кој често се сретнува во текстовитена нејзините песни и почина во 2013 година, исто така имал проблеми со зависноста. „Веројатно секогаш го барав истото тоа што тој го наоѓаше во дрогата и алкохолот, бидејќи го исполување и му беше поважно од семејството”, рече таа.



Пред еден месец, Ловато издаде нов сингл наречен „Sober/Трезна“. „Жалам за обожавателите што ги загубив и што ме гледаа како повторно тонам“, пее таа. „Сакам да бидам пример, но јас сум само човек”.

Ловато требаше да настапи в четврток во Атлантик Сити, пред да замине за Јужна Америка за последниот од своите 52 концерти. Пораките за поддршка од пријателите и колегите на пејачката, меѓу кои и Кеша, Ариана Гранде и Лили Ален, се оласија вторникот попладне. „Срцето ми крвари што минува низ ова”, напиша Елен ДеГенерис. „Таа е светлина во овој свет и јас ѝ испраќам љубов неа и на нејзиното семејство”.

Ловато ја започна својата кариера истовремено со Мајли Сајрус, Селена Гомез и браќата Џонас на каналот Дизни, каде глумеше во хит-филмот „Камп Рок”. Дебитираше со албумот „Do not Forget/Не заборавај“ и продаде повеќе од 500.000 примероци. Во 2017 година, таа беше прогласена за еден од 100-те највлијателни луѓе на „Time Magazine“ поради нејзината заложба за луѓето кои страдаат од психички заболувања.

Претходна статија

ДЕНЕС БЕЗ ВОДА ДЕЛОВИ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

Следна статија

УБАВО СИ КАЖАА ВО „ДАМБО“

Најново од По надвор