18 ЛИЦА УБИЕНИ ВО НИГЕРИЈА ЗАРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОВИД-19

//

Нигериските службеници убиле 18 лица како мерка за спречување на корона вирусот, бројка што е поголема и од самите смртни случаи од вирусот во земјата, соопшти Организацијата за човекови права во земјата.

Според официјалните податоци од корона вирусот во земјата до сега се заразени 407 од кои 12 се починати. Во извештај објавен доцна синоќа, Националната комисија за човекови права соопштува дека поради Ковид-19, агентите за спроведување на законот против ширење на болеста вонсудски погубиле 18 лица кои не ги исполнувале прописите.



Комисијата ги обвинува безбедносните агенти за прекумерна употреба на сила и злоупотреба на службената должност а исто така и за непочитување на националните и меѓународните закони.

Претходна статија

ОТПИС НА ДОЛГОВИ ЗА ВОДА НЕМА ДА ИМА

Следна статија

ЗАЕВ КУРТУЛИ! И ВТОРИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНА НЕГАТИВЕН

Најново од Вести