ЗАЕВ КУРТУЛИ! И ВТОРИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНА НЕГАТИВЕН
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека и вториот тест за коронавирус му е негативен. Тој им се заблагодари на сите за поддршката и упати поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот.
„Овој вирус покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас. Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките. Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од 2 метри, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите. Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот. Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател“ напиша Заев.