| |

МВР ЌЕ ЈА ПРОШИРИ ИСТРАГАТА ЗА НАСТАНОТ ВО ЧЕНТО- ЕВЕ КОЈ СЀ ЌЕ БИДЕ КАЗНЕТ

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку статус на Фејсбук пишува дека секторот за внатрешни работи Скопје презеде активности за соодветно расветлување на настанот кој се случи во населбата Ченто.

-Во врска со настанот кој пред неколку денови се случи во населбата Ченто, а за кој најавивме дека ќе се преземат дополнителни мерки, ја информирам јавноста дека врз основа на документираниот запис, Секторот за внатрешни работи Скопје презеде активности за соодветно расветлување на настанот.
Имено, до овој момент од страна на СВР Скопје беа поднесени кривични пријави за три лица за што веќе ја информиравме јавноста, а дополнително од нивна страна беше извршено идентификување и беа повикани на разговор 21 лице кое учествувало во настанот и не ја почитувале мерката за забрана на движењето со што сториле кривично дело.
Во следниот период, а во насока на целосно расчистување на настанот Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со обезбедување на доказен материјал за останатите лица и по завршување на постапката за сите лица кои постапиле во спротивност со законот ќе бидат поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство.
Неселективното пристапување е клучно за соодветно спроведување на законот од страна на полициските службеници. И во таа насока уште еднаш потенцирам, граѓаните треба да бидат уверени дека секој кој што постапува во спротивно со законот ќе биде соодветно санкциониран, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Слични Објави