ВО ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ РАСПРАВАА ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗЕМЕНИ ОД ПРОВИЗИЈА ШТО ТРЕБАЛО ДА ИМ СЕ ДАДАТ НА ДАМОВСКИ, ДУРЛОВСКИ И БЕТМЕН, СВЕДОЧИ НИНЏА НА СУДЕЊЕТО ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА 27 АПРИЛ

//

Неправосилно осудениот Александар Василевски-Нинџа на почетокот на денешното сведочење за организаторите на нападот во Собранието на 27 април 2017 кажа дека поради исказот што го дал во истрагата и кој ќе го даде под заклетва и денес во судот, две години има закани по животот, јавува СДК.

„Пријавете ги тие закани во обвинителството, тука е обвинителката Вилма Русковска, таа ги води тие случаи”, му кажа судијата Иле Трпков.

„Ги пријавив”, кажа Нинџа.

За главни организатори на нападот на Собранието се обвинети Трајко Вељаноски, Владимир Атанасовски, Спире Ристовски и Миле Јанакиески. Никола Груевски и Никола Бошкоски ќе бидат обвинети ако некогаш бидат достапни.

„Пред парламентарните избори во декември 2016 година, пред Собранието имаше протести, зборуваа за т.н. Тиранска платформа, двојазичност… Александар Пандов, професорката Ачковска, Братислав Димитров , Никола Сребров, Тони Михајловски, Неделковски, Мирка. Тие добиваа насоки од Кирил Божиновски, Спире Ристовски и Миле Јанакиески да го палат народот“, почна Нинџа со сведочењето.



Рече дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ со 2 пратеника разлика славеле во хотел „Русија“, а присутни биле Ристовски, Јанакиески, Ивица Конески, Никола Бошковски-Прскач и Владимир Атанасовски, Никола Тодоров…

„Но, почнаа приговорите и протестите поради приговорите на изборните резултати. Кирил Божиновски и Спире Ристовски ги координираа протестите, им даваа насоки на вработени во администрацијата, во градинките. Тие ги насочуваа демонстрантите да влезат насилно во зградата на ДИК, да не убиваат, ама да ги исплашат членовите на ДИК за да не одлучат во корист на приговорите на СДСМ. ДИК ги отфрли преговорите на СДСМ“, сведочеше Нинџа.

Целиот напис прочитајте го овде.



Претходна статија

ШПАНИЈА ВЛЕГУВА ВО ТРИ ПАТИ ПОДЛАБОКА РЕЦЕСИЈА ОТКОЛКУ ВО 2009 ГОДИНА

Следна статија

НА ИТАЛИЈА И СЕ ЗАКАНУВА НАЈТЕШКАТА РЕЦЕСИЈА ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Најново од Вести