| |

УШТЕ ЕДНА 28-ГОДИШНА РОДИЛКА ОД КУМАНОВО ПОЗИТИВНА НА КОРОНА ВИРУСОТ СЕ ПОРОДИ НА ГИНЕКОЛОГИЈА

Уште една родилка позитивна на корона вирусот била примена на скопската Клиника за Гинекологија, дознава „Фокус“.

Станува збор за 28-годишна жена од Матејче, кумановско која дошла да се пораѓа на Клиниката без никакви симптоми на Ковид 19. Според сегашната ситуација во Куманово, каде што има алармантни бројки на заболени и смртни случаи, сите родилки кои ќе дојдат на клиниката од Куманово се ставаат во изолационен дел, без разлика дали имаат или не симптоми на корона вирусот.

Случајот за „Фокус“ го потврди и директорката на Гинеколошката клиника, Викторија Јовановска која објасни дека родилката си дошла нормално на клиниката за породување.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави