|

ТЕЛОТО НА ГЕНЕРАЛ СОЛЕЈМАНИ ВЕЌЕ Е ВО ИРАН

Телото на иранскиот воен командант, генерал Касим Сулејмани, кој беше убиен во петокот во воздушен напад на САД, денеска беше испратено во Иран, каде беше пречекано од голем број граѓани.

Неговото тело е донесено со авион во градот Ахваз, градот, што беше главната сцена на борбите за време на крвавата војна меѓу Ирак и Иран од 1980 до 1988 година, за време на која генералот се истакна.

Властите планираат да го пренесат во Машаб ковчегот со неговото тело подоцна во текот на денешниот ден, а потоа во Техеран. Солејмани ќе биде погребан во вторник во неговиот роден град Керман.

Слични Објави