|

Одбележуваме 117 години од смртта на познатиот војвода на ВМОРО Митре Влаот

На 22-ри февруари 1907 г. во костурското село Жупаништа по нерамна борба со турскиот аскер се самоубива војводата на ВМОРО ДИМИТАР НИКОЛОВ ПАНЏАРОВ, наречен Митре Влаот. Роден е 1873 г. во костурското село Кономлади. Во 1901 г. во родното село се формира првата чета на ВМОРО во Костурско, во која тој се присоединува. За кратко време раководи собствена чета во Корештата. Учествува на Смилевскиот конгрес, а потоа за време на Илинденското востание води борби со османските војски. По востанието останва во Македонија и е назначен за главен војвода на целиот Костурски револуционерен реон. Води упорна борба со грчката вооружена пропаганда. Заедно со четите на Пандо Кљашев и Насо Кршаков учествува во жестока борба со андартите во преспанското село Буковик. Грчките извори признават, дека Митре Влаот е еден от најкомпетентните војводи во областа. Неговата чета во с. Жупаништа е предадена на турските власти од подкупен гркоман од костурскиот владика Германос Каравангелис. Погребан е во с. Апоскеп со целата чета.

“Малкумина, и меѓу најпознатите, би можеле да се сравнат по нескршливиот дух, абсолутна непогрешивост и заслуги со Митре Влаот, бившиот неписмен овчар, кој доби во четите образование до степен, така што носеше секогаш во чантата револуционерна литература и се служеше со шифри. Митре ги надвиши сите по морално величие: тој никогаш ни миг не се одвои од народот, со кој беше срастнал. Дури после востанието тој не ја напушти Македонија и загина без да ја види Бугарија, која што толку многу ја сакаше, го однесе в гроб нејзиниот идеализиран лик.”

ОСЛОБОДИТЕЛНИТЕ БОРБИ НА МАКЕДОНИЈА, Христо Силјанов

Слични Објави