|

КОНЕЧНО РЕАКЦИЈА ПРОТИВ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ

Основното јавно обвинителство, Скопје  по допрен глас отвори предмет во врска со одредени написи и коментари кои тој ги објави по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција  во кој има и човечки жртви.

Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност. Следува преземање на дејствија со цел обезбедување докази во предметот. Воедно, ќе се утврдува идентитетот на лицата кои преку објавување на написи и коментари учествувале во ширењето на говорот на омраза.

За разлика од сега, ОЈО не реагираше по допрениот глас кога пред две години Миленко Неделковски на ФБ тврдеше дека геноцидот против Евреите никогаш се немал случено, иако Кривичниот закон на РМ за ова дело пропишува затворска казна во времетраење од повеќе од 4 години. Ваквото непостапување Милиенко го искористи на својот ФБ профил, на 24.07. во 11:43 повторно да се огласи со говор на омраза и тоа со зборовите:

„Да сме на чисто. Ич не ги жалам. Да даде Господ милион пати да им е полошо.
Живи гореле на Атика. Не ги жалам. Нив Бог ги пали, не јас.
Они моите сонародници не ги жалеле иако не Бог ами британците ги палеле.
Така да, АРНО БОГ ВИ ПРАВИ. Живи ве гори.
Сите до еден да изгорите.“

Слични Објави