ПРЕМИЕРОТ БОРИСОВ И СПИКЕРКАТА НА ПАРЛАМЕНТОТ КАРАЈАНЧЕВА ИЗРАЗИЈА СОЧУВСТВО ЗА ТРАГЕДИЈАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ

Вести Истакнато Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов преку својот официјален facebook профил изрази жалење за жртвите во тешката автобуска несреќа што вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Тетово.

-Со болка ја слушнав веста дека на патот Скопје – Тетово животот го загубија 14 лица. Им изразувам сочувство на најблиските на загинатите и посакувам брзо заздравувње на повредените, напиша Борисов.

Телеграма со сочувство упатена до нејзиниот колега Талат Џафери испрати и шефицата на бугарскиот парламент Цвета Карајанчева.

„Дозволете ми да изразам сочувство од мое име и од името на пратениците во бугарското собрание кон блиските на загинатите луѓе и кон вас пратениците на Републиката. Солидарни сме со вашата тага и ве уверуваме дека не сте сами во овие тешки мигови. Се надеваме дека повредените брзо ќе оздрават“- стои во телеграмата со сочувство.